КИНА ПОКРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ СВОЈОТ НАЈВИСОК ГЕНЕРАЛ, НАВОДНО ОДАВАЛ ИНФОРМАЦИИ ЗА КИНЕСКАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА ВО САД

    КИНА ПОКРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ СВОЈОТ НАЈВИСОК ГЕНЕРАЛ, НАВОДНО ОДАВАЛ ИНФОРМАЦИИ ЗА КИНЕСКАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА ВО САДКина кажа дека Жанг Јуксија е под истрага поради сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот

    Тајван кажа дека следи „абнормални“ промени во военото раководство на Кина откако нејзиниот највисок генерал беше ставен под истрага, додавајќи дека нема да ја намали својата готовност оти нивото на закана останува високо, изјави министерот за одбрана Велингтон Ку.

    Кина кажа дека Жанг Јуксија, потпретседател на Централната воена комисија и втор човек во командниот ланец зад претседателот Шји Џинпинг, е под истрага поради сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот. Под истрага е уште еден висок офицер, Лиу Женли, шефот на кабинетот на Централната воена комисија.

    „Вол стрит џурнал“ објави дека Жанг е обвинет за одавање информации за кинеската програма за нуклеарно оружје во САД и за примање мито за службени дејствија, вклучително и унапредување на офицер во министер за одбрана. Жанг не е виден во јавност од ноември минатата година.

    „Ќе продолжиме внимателно да ги следиме абнормалните промени во највисоките нивоа на кинеското партиско, владино и воено раководство. Ставот на војската е дека Кина никогаш не се откажала од употребата на сила против Тајван“, изјави министерот Ку.

    Жанг долго време се смета за најблизок воен сојузник на Шји и е еден од ретките високи кинески офицери со борбено искуство, откако учествуваше во граничниот конфликт со Виетнам во 1979 година.

    Кина никогаш не се откажа од употребата на сила за да го стави Тајван под своја контрола и ја одржа својата последна рунда воени вежби околу островот кон крајот на минатиот месец. Владата на Тајван вели дека само неговиот народ може да одлучи за својата иднина.

    „Јасно е дека кинеската закана се влошува. Нема да дозволиме падот на ниту еден поединец да нè натера да го намалиме нивото на нашата воена подготвеност“, додаде Ку.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира