Кинеската влада би можела да го искористи ТикТок за да ги контролира податоците на милиони американски корисници, изјави шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, на вчерашното сослушување пред Разузнавачкиот комитет на Сенатот. Вреј кажа дека преку оваа популарна апликација Кина би можела да го контролира софтверот на милиони уреди и да наметне наративи кои би ги поделиле Американците околу Тајван и други прашања.
„Да, и не сме сигурни дека ќе видиме многу надворешни знаци дека тоа се случува“, кажа Вреј за грижите дека Кина би можела да им пласира дезинформации на корисниците и додаде:
„Тоа е алатка која е под контрола на кинеската влада и вреска од безбедносни грижи“.
Белата куќа пред два дена ги поддржа законите кои на администрацијата на Џо Бајден ѝ даваат нови овластувања да ги забрани ТикТок и други странски технологии ако тие претставуваат закана за националната безбедност. ТикТок е во сопственост на кинеската компанија „Бајтденс“ и ја користат повеќе од 100 милиони Американци.
И шефот на ЦИА, Вилијамс Брнз и директорката на Националното разузнавање, Аврил Хејнс се согласија дека ТикТок претставува закана за националата безбедност.