Кина ги предупреди САД дека е спремна за секаков тип војна, откако Доналд Трамп ѝ воведе нови царини. Двете најголеми светски економии дојдоа на чекор до трговска војна откако Трамп воведе царини од 20% на целиот кинески увоз, а Кина возврати со царини од 10-15% на американските земјоделски производи.
„Ако САД сакаат војна, дали е трговска војна, царинска војна или некој друг тип на војна, ние сме спремни“, изјави кинескиот претседател Шји Џинпинг во пресрет на годишниот Национален народен конгрес.
Кинескиот премиер Ли Кијанг денеска објави дека Кина ќе го зголеми својот буџет за одбраната оваа година за 7,2%, предупредувајќи дека во светот со голема брзина се случуваат промени какви што не се видени еден век.
Трамп ѝ воведе царини на Кина под изговор дека таа не спречила внесување на смртоносната дрога фентанил во САД.
„Проблемот со фентанилот е слабо оправдување. Застрашувањето и силеџиството не не плашат, а притисокот, принудата и заканите не се вистинскиот начин за справување со Кина“, рече Кијанг.