КИНЕЗ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС ПРЕКУ ЗАМРЗНАТО МЕСО УВЕЗЕНО ОД ГЕРМАНИЈА, ТВРДАТ ВЛАСТИТЕ

    КИНЕЗ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС ПРЕКУ ЗАМРЗНАТО МЕСО УВЕЗЕНО ОД ГЕРМАНИЈА, ТВРДАТ ВЛАСТИТЕКина и во минатото тврдеше дека неколку случаи на коронавирус се поврзани со замрзната или пакувана храна (Фото: Гети)

    Вработен во кинеска компанија за складирање храна имал позитивен тест за коронавирус откако држел пакет замрзнато месо увезено од Германија, објавија властите. Случајот бил регистриран во пристанишниот град Тијанџин и заразениот маж бил хоспитализиран.

    Портпаролот на германското министерство за земјоделство изрази сомнеж во овие тврдења.

    „Според она што го знаеме, малку е веројатно дека свинска коленица од Германија е причина за случај на коронавирус во Кина. Федералниот институт за проценка на ризик нема докази дека некој досега се заразил преку јадење месо или допирање површини“, кажа портпаролот.

    Кинескиот весник „Глобал тајмс“ објави дека осум лица кои биле во контакт со заразениот се ставени во карантин.

    Кина и во минатото тврдеше дека неколку случаи на коронавирус се поврзани со замрзната или пакувана храна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира