КИРК ДАГЛАС ДОЖИВЕА СТО ГОДИНИ И ИСПИ ЧАША ВОДКА

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"САД,(АП)

    КИРК ДАГЛАС ДОЖИВЕА СТО ГОДИНИ И ИСПИ ЧАША ВОДКА

    Кирк Даглас знае како да влезе со стил. Со боксерски ракавци на секоја маса и песната од „Роки“ што трештеше од звучниците, Даглас, една од последните живи легенди на златото доба на Холивуд, самоуверено влезе во салата да го прослави 100-от роденден на интимен собир на пријателите и семејството.

    Синот Мајкл Даглас и снаата Кетрин Зета-Џонс ја организираа прославата (Фото: АП)

    Синот Мајкл Даглас и снаата Кетрин Зета-Џонс ја организираа прославата (Фото: АП)

    Рака под рака со сопругата Ен Даглас, со која се заедно 62 години, синот Мајкл Даглас и снаата Кетрин Зета-Џонс и внуците, Кирк Даглас ја погледна групата од околу 150 луѓе, меѓу кои и Дон Риклс и Џефри Каценберг, неговиот рабин и многу блиски пријатели, и се насмевна. Не само што беше опкружен со пријателски лица туку знаеше дека, како што пред години му вети докторот, ако доживее 100 години, ќе може да се напие чаша водка.

    Но пред да му ја послужат водката во комично голема чаша за мартини, Кирк Даглас седна да ги слуша своите најблиски кои зборуваа додека во позадина одеа слики од многуте негови класични филмови како „Спартак“, „Копнеж за живот“, „Патеки на славата“ и други.

    Мајкл Даглас ја почна прославата и рече дека не се слави само неговата возраст туку животот што го живеел и она што го постинал.

    Кетрин Зета-Џонс ги запали свеќите на тортата и пееше „Среќен роденден“ (Фото: АП)

    Кетрин Зета-Џонс ги запали свеќите на тортата и пееше „Среќен роденден“ (Фото: АП)

    „Едно од најневеројатните нешта за татко ми е третиот дел од неговиот живот. По сѐ што постигна во професионалната кариера и сѐ што ѝ даде на земјава, во еден момент во животот виде мака, го загуби синот, имаше хеликоптерска несреќа, доживеа мозочен удар, и она што го постигна во третиот дел од животот, мислам дека е исклучително“, рече Мајкл.

    Кирк Даглас беше кус.

    „Се прашувам за кого зборува? Рече убави работи за некого што не го познавам“, рече Кирк шегувајќи се дека Мајкл избрал да ја организира прославата оти „имал најмногу пари“.

    Потоа Кетрин Зета-Џонс запали 12 свеќи на тортата.

    Слики од филмските класици на Кирк Даглас беа дел од шоуто (Фото: АП)

    Слики од филмските класици на Кирк Даглас беа дел од шоуто (Фото: АП)

    Стивен Спилберг, кој дојде подоцна и на штаки оти си ги скршил стапалото, имаше посебна порака.

    „Сакав да дојдам тука и да кажам дека снимам филмови и ТВ емисии веќе 47 години, сум работел со најдобрите, а ти си единствената филмска ѕвезда што не сум ја запознал. Има нешто што ти го имаш, што никој го немал никогаш. Кога гледаш изведба на Кирк во било што, во сѐ што снимил, не можеш да ги оттргнеш очите од него. Не е можно да не го гледаш“, рече Спилберг. Тој додаде дека тоа е оптимистичка сила и дека сите свои актери ги предизвикувал да го достигнат тоа на филм.

    Стивен Спилберг првпат го запозна Кирк Даглас на прославата на 100-от роденден (Фото: АП)

    Стивен Спилберг првпат го запозна Кирк Даглас на прославата на 100-от роденден (Фото: АП)

    „Ти си чудо од човек. И дури по 100 години, уште се бориш “, рече Спилберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира