КИТОТ ЗА КОЈ СЕ ВЕРУВАШЕ ДЕКА Е РУСКИ ШПИОН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПОКРАЈ БРЕГОТ НА НОРВЕШКА

    КИТОТ ЗА КОЈ СЕ ВЕРУВАШЕ ДЕКА Е РУСКИ ШПИОН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПОКРАЈ БРЕГОТ НА НОРВЕШКАКитот првпат беше забележан од норвешки рибари пред пет години

    Китот за кој се веруваше дека бил обучуван од Русија за шпионирање е пронајден мртов покрај брегот на Норвешка. Телото на белугата, чиј прекар беше Хвалдимир, е пронајдено како плута покрај градот Рисавика, по што е однесено на испитувања.

    Китот првпат беше забележан од норвешки рибари пред пет години. Тој носеше гоупро камера закачена на ремен на кој пишуваше „опрема на Санкт Петербург“. Тоа поттикна шпекулации дека китот би можел да биде шпион, за што експертите велат дека се случувало во минатото. Русија никогаш не одговори на овие обвинувања.

    Причината за смртта на Хвалдимир не е позната, но на неговото тело немаше видливи повреди. Успеавме да го извлечеме телото и да го однесеме на обдукција“, изјави Себастијан Странд, основачот на организацијата „Морски ум“, која го следеше движењето на китот со години.

    Со свои 13 години, Хвалдимир не беше стар, имајќи предвид дека овој вид китови може да живее до 60 години. Неговото појавување кај островот Ингоја беше невообичаено, зашто белугите ретко се гледаат толку јужно од Арктик. Норвешките разузнавачи покренаа истрага и заклучија дека китот веројатно бил обучуван од руската армија зашто изгледаше навикнат на луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира