ЗАЕДНО ЌЕ ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА МОЌНИТЕ КОРПОРАЦИИ, РЕЧЕ МЕРИЛ СТРИП КОЈА СО КЛУНИ И ДЕЈМОН ДОНИРАА ПО МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ПОМОШ НА АКТЕРИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ

    ЗАЕДНО ЌЕ ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА МОЌНИТЕ КОРПОРАЦИИ, РЕЧЕ МЕРИЛ СТРИП КОЈА СО КЛУНИ И ДЕЈМОН ДОНИРАА ПО МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ПОМОШ НА АКТЕРИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТДејмон, Стрип и Клуни донираа по милион долари, собрани 15 милиони. (Фото: Гети)

    Повеќе од десет филмски ѕвезди го следеа примерот на Двејн Џонсон и донираа над еден милион долари во фондот за итни случаи на Здружението на американските филмски, телевизиски и радио актери САГ-АФТРА. Најавувајќи го основањето на фондацијата, претседателот на САГ-АФТРА, Кортни Венс, кажа дека досега биле собрани 15 милиони долари за помош на оние кои се најтешко погодени од прекинот на снимањата во Холивуд поради штрајкот на актерите и сценаристите.

    Се сеќавам на времето кога јас бев келнерка, чистачка, дактилографка, па дури и невработена. Сега сум среќна што можам да им помогнам на оние кои водат долга битка против Голијат. Заедно ќе им се спротивставиме на овие моќни корпорации кои се стремат да ги извадат човечноста, човечкото достоинство, па и човечкото од нашата професија“, изјави Мерил Стрип која донираше милион долари.

    Голем придонес во фондот дале Џорџ и Амал Клуни, Мет и Лусијана Дејмон, Леонардо ДиКаприо, Хју Џекмен, Никол Кидман, Џенифер Лопез, Бен Афлек, Рајан Рејнолдс и сопругата Блејк Лајвли, Арнолд Шварценегер, Џулија Робертс,  и Опра Винфри.

    Двејн Џонсон прв донираше седумцифрена сума минатата недела, што Венс го опиша како повик до сите да помогнат колку што можат. Клуни и Стрип, кои исто така донираа по милион долари, ги повикаа своите колеги да го помогнат фондот, откако најголемиот штрајк во Холивуд во последните 60 години влезе во вториот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира