КОЛОНИЈА СО ИЛЈАДНИЦИ ЦАРСКИ ПИНГВИНИ УНИШТЕНА ВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА АНТАРКТИК

    КОЛОНИЈА СО ИЛЈАДНИЦИ ЦАРСКИ ПИНГВИНИ УНИШТЕНА ВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА АНТАРКТИКНа царските пингвини им се потребни стабилни ледени платформи поврзани со копното за да се размножуваат

    Илјадници мали царски пингвини се удавиле откако во големо невреме била уништена ледената плоча на којашто биле одгледувани. Научниците велат дека оваа катастрофа се случила во 2016 година во морето Ведел на Антарктик.

    Тие додаваат дека колонијата на работ на ледената плоча Брант пропаднала откако возрасните примероци не се ни обиделе да ја обноват популацијата. За оваа драматична загуба на мали царски пингвини известил тим од Британската антарктичка истражувачка мисија (БАС) и била забележана преку сателитски снимки.

    Се верува дека популацијата пингвини на Брант, која во изминатите децении броела меѓу 14.000 и 25.000 двојки, исчезнала буквално преку ноќ.

    Царските пингвини се највисокиот и најтежок вид од оваа птица и потребни им се стабилни санти поврзани со копното за да се размножуваат. Овие платформи мора да постојат од април до декември и ако се откинат порано, младите пингвини нема да имаат вистински пердуви за да можат да пливаат. Научниците веруваат дека токму ова се случило во 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира