Неколку луѓе загинаа во германскиот град Минстер, откако комбе влета меѓу пешаци, по што возачот, наводно, се самоубил со огнено оружје.
Околу 30 луѓе се повредени во инцидентот, кој се случил во стариот дел од северногерманскиот град, во близина на познатата статуа Кипенкерл. Весникот „Билд“ објави дека комбето удрило во тераса од пивница и дека три лица загинаа.
„Има неколку загинати, вклучувајќи го и возачот на комбето“, изјави портпаролката на полицијата.
Сѐ уште е нејасно дали инцидентот претставува напад, додаде полицијата, но таквото сценарио не е исклучено.