КОМПЈУТЕРСКА ГРЕШКА ГО ЗАТВОРИ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА ШВАЈЦАРИЈА И ОДЛОЖИ ЛЕТОВИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА

    КОМПЈУТЕРСКА ГРЕШКА ГО ЗАТВОРИ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА ШВАЈЦАРИЈА И ОДЛОЖИ ЛЕТОВИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПАЛетовите од аеродромите во Женева и Цирих постепено продолжуваат (Фото: Гети)

    Летовите од и кон Швајцаријаи над нејзиониот возушен простор утрово беа одложени за неколку часа, а швајцарскиот воздушен простор беше затворен поради компјутерска грешка во сервисот за контрола на воздушниот сообраќај „Скајгајд“. Раните летови од Женева и Цирих беа стопирани, но од женевскиот аеродром кажаа дека постепено продолжуваат.

    Воздушниот простор на Швајцарија мораше да биде затворен од безбедносни причини поради техничка грешка во утринските часови“, соопшти „Скајгајд“.

    Проблемот се почувствувал и на Скопскиот аеродром, каде што имало одложувања на летови кон западна и северна Европа и до два часа.

    Се чини дека станува збор за хардверски проблем, не веруваме дека е хакирање“, изјави портпаролот на „Скајгајд“, Влади Бароса.

    Компјутерската грешка во меѓувреме била отстранета, а швајцарскиот воздушен простор повторно беше отворен во осум часот.

    Сајтот за следење летови „Флајтрадар“ објави снимка на која се гледа значителна празнина во летови над Швајцарија утрово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира