КООРДИНИРАНИ САБОТАЖИ НА ФРАНЦУСКИТЕ ПРУГИ ПРЕД ОТВОРАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА

    КООРДИНИРАНИ САБОТАЖИ НА ФРАНЦУСКИТЕ ПРУГИ ПРЕД ОТВОРАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТАПоправите се во тек, но се очекува сообраќајот да биде сериозно нарушен најмалку до крајот на викендот (Фото: АП)

    Француската мрежа на брза железница беше цел на серија координирани напади, што доведе до нарушувања на некои од најпрометните железнички линии во земјата во пресрет на отворањето на Олимписките игри во Париз, што ќе се одржи вечерва.

    Државниот оператор на железницата (СНЦФ) изјави дека имало подметнати пожари на инсталациите долж пругите кои го поврзуваат Париз со Лил на северот, Бордо на западот и Стразбур на истокот. Патниците се повикани да ги одложат нивните патувања. Поправите се во тек, но се очекува сообраќајот да биде сериозно нарушен најмалку до крајот на викендот.

    „Изминатата ноќ, брзата железница беше мета на сериозни чинови на вандализам. Пожарите намерно биле подметнати за да се оштетат инсталациите“, соопшти СНЦФ.

    Ова се случува додека Франција ја спроведува една од најголемите безбедносни операции во мирно време, при што се распоредени над 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 приватни безбедносни агенти. На покривите се поставени снајперисти, а дронови надгледуваат од воздух.

    Засега никој не ја презеде одговорноста за пожарите и нема назнаки дека ова е политички мотивирано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира