Данска и Норвешка ги затворија своите главни аеродроми синоќа поради забележани дронови.
Данската полиција кажа дека не може да ги потврди типот и бројот на дронови видени над аеродромот во Копенхаген, но додаде дека веројатно биле управувани од способен оператор. Притоа биле активирани и вооружени сили, но според полицијата, се чини дека дроновите немале намера да предизвикаат штета.
И покрај тоа, работата на аеродромот беше прекината на четири часа, а летовите продолжија половина час по полноќ. И аеродромот во Осло повторно беше отворен по четиричасовен прекин.
Данската полиција кажа дека околу 20.000 патници биле погодени од затворањето на аеродромот. Сајтот за следење летови „Флајтрадар24“ објави дека најмалку 35 авиони упатени кон Коленхаген биле пренасочени кон други аеродроми.
Два до три големи дрона биле забележани како летаат околу аеродромот вчеравечер, кажаа властите, што доведе до забрана за полетување и слетување на авиони. Заменик-шефот на полицијата на Копенхаген Јакоб Хансен не можеше да потврди дали дроновите биле руски.