Филмот за Граѓанската војна на Софија Копола, украински роуд-муви и драма за активизам за СИДА се меѓу 18-те во конкуренција за Златната палма на Канскиот филмски фестивал, меѓународен филмски спектакл за кој организаторите се надеваат дека може да помогне против зголемувањето на национализмот во светот. Директорот на фестивалот Тјери Фремо и претседателот Пјер Лекур денеска ја објавија селекцијата, во која е и првиот филм во Кан со виртуелна реалност, допира теми од суровост кон животните до мигрантската криза и нуди четири шанси да ја видите Никол Кидман на платното.
Кандидати за престижната Златна палма на 70. Канскиот фестивал се страшната драма на Копола за Граѓанската војна „Измамени“, во која играат Кидман и Кирстен Данст, семејна сага на американскиот режисер Ноа Баумбах „Приказните на Мејеровиц“ со Дастин Хофман, Бен Стилер и Адам Сендлер; и неговиот сонародник Тод Хејнс со „Зачуден“.
Исто така, со цел да го импресионираат жирито на главната конкуренција предводено од шпанскиот режисер Педро Алмодовар се “Oкјa”, трилер за права на на животните на авторот од Јужна Кореја Бонг Јон-хо со Тилда Свинтон, „Импресивниот“ на францускиот режисер Мишел Хазанавициус за францускиот нов бран, драмата за секс-трговијата со луѓе од Велика Британија на Лин Ремзи „Ти никогаше не беше навистина тука“ и „Убиството на светиот елен“, трилер на грчкиот режисер Јоргос Лантимос во кој глумат Кидман и Колин Фарел.
Кидман ќе се појави на Канскиот фестивал и вон конкуренцијата со „Како да разговарате со девојки на журки“ на Џон Камерон Мичел и во ТВ крими-драмата на Џејн Кемпион „На врвот на езрото“. Австрискиот режисер Михаел Ханеке, двократен добитник на Златна палма, се враќа со “Среќен крај”, чиј наслов, рече Фремо, има малку врска со содржината. Францускиот режисер Робин Кампијо е со „120 отчукувања во минута”, поглед на успонот на активизмот за СИДА, а Фремо го нарече „Нежно суштество“, роуд-муви на украинскиот режисер Сергеј Лозница, „филм за ситуацијата на Русија”.
Вкупно 49 филмови ќе бидат прикажани за време на фестивалот од 17-28 мај, меѓу кои и во паралелната програма Извесен поглед. Дванаесет од филмовите се на жени, повеќе од деветте лани.
Режисерот Алехандро Ињариту ќе биде во Кан со краткот филм во виртуелна реалност „Месо и песок“, за мигранти кои ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико.
Безбедноста ќе биде голема на фестивалот кој се одржува близу Ница, каде во нападот на Исламска држава со камион лани во јули во загинаа 86 луѓе.
Франција ќе има нов претседател на отворањето на фестивалот, со последниот од двата изборни круга кој ќе се одржи на 7 мај.