КОСОВО ОТВОРИ АМБАСАДА ВО ЕРУСАЛИМ, СЛЕДЕЈЌИ ГО ПРИМЕРОТ НА САД И ГВАТЕМАЛА

    КОСОВО ОТВОРИ АМБАСАДА ВО ЕРУСАЛИМ, СЛЕДЕЈЌИ ГО ПРИМЕРОТ НА САД И ГВАТЕМАЛАКосово и Израел воспоставија дипломатски односи со посредство на САД (Фото: Гети)

    Косово денеска отвори амбасада во Ерусалим, придружувајќи им се на САД и Гватемала како трета држава која го признала овој град за престолнина на Израел.

    Косовските власти ветија дека ќе ја сместат амбасадата во Ерусалим откако лани воспоставија дипломатски односи со Израел, со посредство на САД. Тогашниот претседател Доналд Трамп го договори ова за време на економските разговори помеѓу Србија и Косово во Вашингтон во септември, што беше критикувано не само од мнозински муслимански земји, како Турција, туку и од Европа.

    „Ветувањето дадено во Вашингтон е конечно исполнето“, објави косовското министерство за надворешни работи на Твитер.

    Израел го прогласи ова за голема дипломатска победа, што се вклопува во неговите активности за поширока нормализација на односите со арапските и муслиманските земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира