КОСОВО ПРЕД ПОЛИТИЧКА НЕИЗВЕСНОСТ, ТРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ НЕ САКААТ ДА КОАЛИЦИРААТ

    КОСОВО ПРЕД ПОЛИТИЧКА НЕИЗВЕСНОСТ, ТРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ НЕ САКААТ ДА КОАЛИЦИРААТСамоопределување на премиерот Албин Курти освои нешто над 41% гласови (Фото: Ѓ. Личовски)

    Косово се соочува со период на политичка неизвесност откако најголемите партии ја отфрлија можноста да прават коалиција по вчерашните парламентарни избори, на кои победи владејачката партија, но без да обезбеди мнозинство.

    Самоопределување на премиерот Албин Курти освои нешто над 41% гласови и политичките аналитичари кажаа дека тој би требало да коалицира или со Демократската партија на Косово (22,2%) или со Демократскиот сојуз на Косово (17,8%). Курти пред изборите изјави дека нема намера да формира коалиција, а во својот победнички говор ја опиша опозицијата како „животни и крадци кои се спремни да направат договор со ѓаволот против владата“.

    Лидерот на Демократската партија, Бедри Хамза, кажа дека нема да бидат партнери со Курти.

    Имаме многу разлики, тие сакаат апсолутна моќ“, рече Хамза, додавајќи дека неговата партија ќе се обиде да формира влада, за што би ѝ требала поддршка од најмалку три помали партии.

    Демократскиот сојуз уште пред изборите ја отфрли можноста за коалиција со Курти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира