КОСОВСКИТЕ СРБИ СЕ СОГЛАСИЈА ДА ГИ ТРГНАТ БАРИКАДИТЕ ПО РАЗГОВОРИТЕ СО ВУЧИЌ

    КОСОВСКИТЕ СРБИ СЕ СОГЛАСИЈА ДА ГИ ТРГНАТ БАРИКАДИТЕ ПО РАЗГОВОРИТЕ СО ВУЧИЌТензиите во Косово одново пораснаа по апсењето на бившиот полицаец Дејан Пантиќ на 10 декември (Фото: Танјуг)

    Косовските Срби кои веќе 19 дена блокираат патишта во северниот дел на Косово се согласија од денеска да почнат да ги тргаат барикадите, прифаќајќи ги повиците од САД и Европска Унија за смирување на тензиите. Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се сретна со етничките Срби во градот Рашка, кажа дека процесот на отстранување на барикадите ќе почне утрово.

    Тоа е долг процес и би можел да потрае“, изјави Вучиќ.

    Тој додаде дека САД и ЕУ гарантираат дека ниеден Србин од барикадите нема да биде кривично гонет.

    Имавме разговор кој беше сè освен лесен, но имавме добар ден за нашиот народ. Кризниот штаб од барикадите ми кажа дека ако продолжат апсења, ќе го затворат северот на Косово засекогаш и ќе постават барикади кои никогаш нема да бидат тргнати“, изјави Вучиќ.

    Тензиите во Косово одново пораснаа по апсењето на бившиот полицаец Дејан Пантиќ на 10 декември, по што Србите поставија блокади на повеќе од десет патни правци, а беа затворени и два гранични премина кон Србија. Пантиќ од вчера е во домашен притвор во Косовска Митровица, потврди Вучиќ, одлука што ги разлути косовските власти.

    Не можам да разберам како некој кој е обвинет за така тешко кривично дело како напад на полицаец оди во домашен притвор“, изјави министерката за правда Албулена Хаџиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира