КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ЌЕ ИМА 152 ПРАТЕНИЦИ ВО НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ПАРЛАМЕНТ ОТКАКО НАД 10 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ГЛАСАА ЗА АФД

    КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ЌЕ ИМА 152 ПРАТЕНИЦИ ВО НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ПАРЛАМЕНТ ОТКАКО НАД 10 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ГЛАСАА ЗА АФДАлис Вајдел кажа дека АФД ќе победи на следните избори (Фото: АП)

    Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) ќе има 152 пратеници во новиот состав на германскиот парламент откако доби над десет милиони гласови (20,5%) на вчерашните предвремени избори. АфД особено добро помина на истокот на земјата, каде што доби поддршка од 34% гласачи.

    Веројатниот иден канцелар Фридрих Мерц, чиј конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ освои 28,5% гласови и ќе има 208 пратеници, смета дека американското мешање имало свое влијание врз исходот на изборите. Крајната десница доби отворена поддршка од Илон Маск, а американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс се сретна со лидерката на АфД, Алис Вајдел.

    „Интервенциите од Вашингтон не беа помалку драстични и навредливи од оние што ги видовме од Русија. Значи, ние сме под голем притисок од две страни и мој апсолутен приоритет сега е да создадам единство во Европа“, кажа Мерц, кој веднаш ја отфрли можноста за коалицирање со АфД.

    Вајдел се пофали дека добиле бројни честитки од САД по историскиот резултат на изборите, па така и од Илон Маск.

    „Ова е историски успех, кој покажува дека сме во подем. Ќе ја поразиме ЦДУ на изборите во следните неколку години и ќе донесеме ред во Германија. Ова е неверојатен резултат, имајќи предвид дека нашата партија е формирана пред само 12 години. Никој во Европа не успеал да се етаблира така брзо како народна партија. Ние сме сега сила во Германија која е меѓународно призната“, изјави Вајдел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира