КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ОДБЕЛЕЖУВА РЕКОРДНИ 65 ГОДИНИ НА ПРЕСТОЛОТ

    КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ОДБЕЛЕЖУВА РЕКОРДНИ 65 ГОДИНИ НА ПРЕСТОЛОТ

    Кралицата Елизабета Втора стана првиот британски монарх кој останал 65 години на престолот.  

    „Сафирниот јубилеј“ се одбележува денеска со топовска стрелба во Грин Парк во Лондон и Лондонската кула.

    Бакингемската палата, исто така, објави фотографија на кралицата од Дејвид Бејли по тој повод. На сликата од 2014 година, кралицата е облечена во костим со сафири, подарок од татко ѝ за нејзината свадба во 1947 година.

    Бакингемската палатата соопшти дека 90-годишната кралица ќе го помине денот мирно во нејзината резиденција во Сандрингем во источна Англија.

    Таа стана монарх по смртта на татко ѝ, кралот Џорџ Шести, кој почина од рак на белите дробови на 56 години во 1952 година.

    Елизабета Втора ја надмина и кралицата Викторија како монарх со најдолгогодишно владеење во 2015 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари