КРАЛИЦАТА ГО СУСПЕНДИРАШЕ БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ПЕТ НЕДЕЛИ

    КРАЛИЦАТА ГО СУСПЕНДИРАШЕ БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ПЕТ НЕДЕЛИБорис Џонсон е решен да го спроведе брегзит до крајниот рок на 31 октомври (Фото: АП)

    Кралицата Елизабета Втора се согласи работата на британскиот парламент да биде суспендирана во септември, на само неколку недели до спроведувањето на брегзит.

    Премиерот Борис Џонсон изјави дека кралицата Елизабета Втора ќе го одржи својот традиционален говор по суспензијата, на 14 октомври, за да „нагласи многу возбудлива агенда“. Тоа значи дека пратениците ќе имаат значително помалку време за да донесат закони кои би го спречиле излегувањето на Велика Британија од Европска Унија на 31 октомври без договор.

    „Ова е навреда за демократските процеси, но нема да ги спречи пратениците да дебатираат за брегзит“, изјави спикерот на парламентот Џон Беркоу.

    Лидерот на Лабуристите Џереми Корбин го опиша потегот како неприфатлив.

    „Она што го прави премиерот е газење на демократијата за да го спроведе брегзит без договор“, кажа Корбин, кој најави дека ќе се обиде да се избори за гласање на доверба на Џонсон.

    Затворањето на парламентот се случува кога премиерот така ќе ја посоветува кралицата.

    „Не треба да чекаме да се спроведе брегзит за да почнеме да правиме планови за иднината на земјата. Ни требаат нови закони и затоа мора да одиме напред“, кажа Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира