КРЕМЉ ГО ОТФРЛИ ПЛАНОТ НА МАКРОН ЗА БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ ЗА УКРАИНА, РУТЕ ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА НЕ ОДЛУЧУВА ЗА ТОА

    КРЕМЉ ГО ОТФРЛИ ПЛАНОТ НА МАКРОН ЗА БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ ЗА УКРАИНА, РУТЕ ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА НЕ ОДЛУЧУВА ЗА ТОАМакрон кажа дека 26 западни сојузници се согласиле да распоредат трупи во Украина веднаш по постигнување прекин на огнот (Фото: АП)

    Кремљ отфрли секаква ситуација во која странски трупи би биле стационирани во Украина како безбедносни гаранции за земјата, објавија руските државни медиуми. Ова уследи откако Емануел Макрон вчера кажа дека 26 западни сојузници се согласиле да распоредат копнени, поморски и воздушни сили во Украина веднаш по постигнување прекин на огнот.

    По вчерашната средба на 35 држави од таканаречената коалиција на волните, Макрон изјави дека американската поддршка ќе биде финализирана во следните денови. Трамп претходно ја отфрли можноста за испраќање трупи во Украина, туку поддршката веројатно би била во вид на противвоздушна одбрана и разузнавање.

    Дали безбедносните гаранции за Украина можат да бидат осигурани со странски воени контингенти, особено европски и американски? Дефинитивно не, не можат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Неколку држави отворено ветија дека ќе испратат трупи во Украина ако се постигне договор. Шефот на НАТО, Марк Руте, изјави дека Русија нема вето на распоредувањето западни трупи во Украина.

    Зошто ние би биле заинтересирани за тоа што мисли Русија за западни трупи во Украина? Таа е независна држава и сама ќе одлучи за тоа“, рече Руте.

    Русија инсистира дека нејзината воена кампања нема да запре додека не се постигне целосен мировен договор и отфрла првичен прекин на огнот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира