КРЕМЉ ВЕЛИ НЕ Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ ОТКАКО НАД 250.000 МАЖИ ЈА НАПУШТИЛЕ РУСИЈА

    КРЕМЉ ВЕЛИ НЕ Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ ОТКАКО НАД 250.000 МАЖИ ЈА НАПУШТИЛЕ РУСИЈАНа граничните премини кон Грузија со денови има километарски колони од возила (Фото: РФЕ)

    Кремљ објави дека засега не е донесена одлука за затворање на руските граници, додека стотици борбено способни мажи продолжуваат да ја напуштаат земјата откако Владимир Путин нареди делумна воена мобилизација.

    Независните руски медиуми „Медуза“ и „Новаја газета Јуроп“ објавија дека Москва планира да ги затвори границите за борбено способни мажи, на што денеска се осврна и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Не знам ништо за ова. Во овој момент, таква одлука не е донесена“.

    Повикувајќи се на неименуван извор од претседателската администрација, „Новаја газета Јуроп“ објави дека 261.000 мажи ја напуштиле Русија од прогласувањето на мобилизацијата на 21 септември. На еден од граничните премини кон Грузија, вчера имало редица од 2.300 автомобили, кажаа локалните власти.

    Песков призна дека имало грешки во повиците за регрутација и дека тие се исправаат од регионалните гувернери и министерството за одбрана. Бројни извештаи кажуваат дека повик за регрутација добиле и луѓе без борбено искуство, како и постари и болни лица.

    Во својата објава Путин не прецизираше колку резервисти ќе бидат мобилизирани, додека министерот за одбрана Сергеј Шојгу кажа дека ќе бидат 300.000, но само оние со борбено искуство или посебни војнички вештини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира