КРИМ НАПАДНАТ СО ПРОЕКТИЛИ И БЕСПИЛОТНИ ПЛОВИЛА, ОШТЕТЕНИ ДВА БРОДА

    КРИМ НАПАДНАТ СО ПРОЕКТИЛИ И БЕСПИЛОТНИ ПЛОВИЛА, ОШТЕТЕНИ ДВА БРОДАВо нападот бил предизвикан голем пожар во бродоградилиште во Севастопол (Фото: Телеграм)

    Русија кажа дека Украина лансирала голем напад на Севастопол на Крим, каде што е сместена руската црноморска флота, при што биле употребени десет проектили и три беспилотни пловила. Во нападот бил предизвикан голем пожар во тамошно бродоградилиште, при што се повредени 24 луѓе.

    Прорускиот гувернер на Крим, Михаил Развожаев, изјави дека повеќето оружја биле пресретнати, но два руски брода се оштетени откако биле погодени од крстосувачки ракети.

    Развожаев објави фотографија од брод во пламен и се верува дека станува збор за област каде што се поправаат бродови. Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат неколку големи експлозии.

    Севастопол и црноморската флота веќе беа цел на украински напади, но ова беше еден од најкоординираните напади досега. Непознато е какви проектили се користени во нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира