КРИТИЧАРОТ НА ПУТИН, БОРИС НАДЕЖДИН, ГИ СОБРА ПОТПИСИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО РУСИЈА, АКО ПОБЕДИ, ВЕДНАШ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    КРИТИЧАРОТ НА ПУТИН, БОРИС НАДЕЖДИН, ГИ СОБРА ПОТПИСИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО РУСИЈА, АКО ПОБЕДИ, ВЕДНАШ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНАНадеждин предаде неколку кутии со повеќе од 100.000 потписи во изборната комисија (Фото: ЕПА)

    Борис Надеждин, кој отворено се залага за крај на војната во Украина, собра доволен број потписи за да биде кандидат на претстојните претседателски избори во Русија. Шеесетгодишниот Надеждин предаде неколку кутии со повеќе од 100.000 потписи во изборната комисија, која сега треба да ја разгледа неговата апликација.

    Актуелниот претседател Владимир Путин веќе се регистрираше како независен кандидат и се очекува убедливо да освои уште еден шестгодишен мандат.

    Меѓу неколкутемина противкандидати се истакнува Надеждин, кој повеќе од 30 години беше локален советник, чии критикувања на Путин се толерираа во последно време. Тој неодамна кажа дека Путин практички ги уништил клучните институции на модерната руска држава и најави дека ќе ја заврши војната во Украина уште првиот ден откако ќе стане претседател. Тоа му донесе доста приврзаници, па илјадници Руси овие денови застанаа во редица за да се потпишат за неговата кандидатура.

    „Путин направи многу грешки, не само со специјалната воена операција“, изјави Надеждин.

    Тој верува дека ќе му биде дозволено да учествува на изборите, иако антивоените кандидати не се добредојдени.

    Путин доминира на руската политичка сцена од 2000, а со уставни измени му беше дозволено да остане на власт и по 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира