КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТУТГАРТ ОД ГРАЃАНКА ПОРАДИ ВИСОКАТА ЗАГАДЕНОСТ НА ВОЗДУХОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Штутгарт,(Гардијан)

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТУТГАРТ ОД ГРАЃАНКА ПОРАДИ ВИСОКАТА ЗАГАДЕНОСТ НА ВОЗДУХОТ

    Сузан Џалоу, жителка на Некартор, најзагадената населба во Штутгарт и нејзиниот сосед Петер Ербен, му поднеле кривична пријава на градоначалникот Фриц Кун за телесни повреди со последица смрт (поради загадување на воздухот) и за непреземање ништо да се реши проблемот.

    Со истите обвиненија, тие поднеле кривична пријава и против претседателот на областа Некартор Волфганф Рајмер.
    Кривичните пријави Џалоу и Ербен ги поднеле на 23 јануари годинава. Додека се шетала навечер во населбата која се наоѓа во централен Штутгарт, Сузан Џалоу почувствувала невообичаена кашлица и иритација на грлото. Таа патем живее во зона полна со станбени згради и нејзиниот дом е опкружен со улица со многу висок степен на сообраќај (ниво Б 14), што значи околу 100.000 возила на ден.

    Некартор е главната точка за загаденост на воздухот, не само во Штутгарт, туку и во цела Германија. ПМ честичките регистрирани од сензорите поставени на фреквентираната интерсекција Б14, често стигнува до 200 микрограми за метар кубен. Европските стандарди го поставија крајниот лимит на безбедни нивоа на ПМ честички до 50 микрограми за метар кубен.

    Меѓутоа, таа јануарска вечер Џалоу кога се вратила дома, ги проверила показателите на сензорот на нејзиниот балкон. Сензорот и бил даден како дел од граѓанската иницијатива „Луфтдатен“ (податоци за воздухот). Видела дека во моментот биле регистрирани 300мг/м³.
    По ова Џалоу и нејзиниот сосед Петер Ербен, двајцата членови на локалниот граѓански форум „Иницијатива БИ“, ги поднеле кривичните пријави против градоначалникот и претседателот на областа.

    „Сакавме да ја акцентираме бирократската апатија на градската администрација. Постои потреба од проактивни мерки за борба против загадувањето на воздухот. Постоечките се неадекватни“, вели Ербен.
    Тој се сомнева дека соседите во Штутгарт се во иста опасност од загаден воздух со ПМ10 честички и азотен диоксид, како и Некартор

    „Во моментот, официјалното објаснување било дека само Некартор страда од лош воздух во цел Штутгарт. Јас не мислам дека тоа е така“, вели подносителот на пријавата.

    Јавното обвинителство на Република Македонија, пак, до сега нема добиено кривична пријава од гражанин, институција или од невладина организација проти функционери од локалната или од државната власт, и покрај тоа што во речиси сите градови и села е регистриран висок степен на загаденост на воздухот, некогаш и со над 1.000 микрограми на метар кубен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира