КУБАНЦИТЕ МАРШИРАА ЗА ПРАВАТА НА ЖИВОТНИТЕ НА ПРВИОТ НЕЗАВИСЕН ПРОТЕСТ ДОСЕГА

    КУБАНЦИТЕ МАРШИРАА ЗА ПРАВАТА НА ЖИВОТНИТЕ НА ПРВИОТ НЕЗАВИСЕН ПРОТЕСТ ДОСЕГАВо Куба досега беа дзоволени само собири строго контролирани од државата (Фото: Ројтерс)

    Стотици Кубанци се придружија на маршот против суровост врз животните, што се смета за прв досега дозволен независен протест во земјата.

    Активистите шетаа со своите миленици и извикуваа слогани на мирниот протест во Хавана, а потоа го посетија гробот на Американка, која се смета за зачетник на правата на животните во Куба.

    „Овој марш означува нова фаза во заштитата на животните во Куба. Ова може да се смета за историски настан“, изјави организаторката Беатрис Батиста.

    Веста за маршот се прошири на социјалните мрежи, што, исто така, беше незамисливо до неодамна. Во декември, кубанската влада воведе 3Г мобилен интернет, што долго време беше достапен само во интернет кафулиња и на местата за хот спот.

    Маршеви во Куба сè до неодамна беа строго контролирани од државата и главно се сведуваа на прослави на револуцијата и на верски процесии. Сепак, антивладини протести и натаму не се дозволени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира