„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ ДАДЕ ОТКАЗ ВО „ГУГЛ“ И ВЕЛИ ДЕКА ЖАЛИ ЗА СВОЈАТА РАБОТА

    „КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ ДАДЕ ОТКАЗ ВО „ГУГЛ“ И ВЕЛИ ДЕКА ЖАЛИ ЗА СВОЈАТА РАБОТАЏефри Хинтон смета дека некои опасности од вештачката интелигенција се многу застрашувачки (Фото: Гардијан)

    Џефри Хинтон, кого го сметаат за кум на вештачката интелигенција, даде отказ во „Гугл“ и предупреди на растечките опасности од развојот на ова поле. Седумдесет и петгодишниот Хинтон вели дека сега жали за својата работа. Тој бил доведен во „Гугл“ пред десетина години токму заради развојот на технологија заснована врз вештачка интелигенција.

    Некои опасности од четботите со вештачка интелигенција се многу застрашувачки. Моментално, колку што знам, тие не се поинтелигентни од нас, но мислам дека наскоро би можеле да станат“, вели Хинтон, додавајќи дека и неговата возраст играла улога во пензионирањето.

    Неговите пионерски истражувања за длабокото учење и невронските мрежи го отворија патот за сегашните системи засновани на вештачка интелигенција, како ЧетГПТ. Британско-канадскиот компјутерски научник и експерт за когнитивна психологија смета дека четботите наскоро би можеле да го надминат нивото на информации што ги чува човечкиот мозок.

    Токму сега, гледаме како работи како ГПТ-4 го засенуваат човекот во количеството општо знаење и тоа за многу. Резонирањето засега не е така добро, но имајќи ја предвид брзината на напредокот, очекуваме работите да се подобруваат многу брзо. И треба да бидеме загрижени за тоа“, вели Хинтон.

    Тој предупреди дека „лоши актери“ би можеле да ја користат вештачката интелигенција за лоши работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира