Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти има освоено 37,50 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Косово, според првичните резултати од нешто над 50 отсто пребројани гласови.
На второто место се наоѓа Демократската партија на Косово со 29,80 отсто, додека Демократскиот сојуз на Косово е трет со 16,29 отсто. Алијансата за иднината на Косово (ААК) има 7,92 отсто од гласовите,
Според последните резултати на Централната изборна комисија, на изборите учествувале 789.172 гласачи, што е излезност од околу 40 отсто.
Во претходниот парламентарен состав, Движењето Самоопределување имаше стабилно мнозинство заедно со пратениците од етничките малцинства.
Сепак, по овие избори, Курти би можел да биде принуден да бара нови коалициски партнери за формирање на влада.