КУРЦ НАПРАВИ ПРЕСЕДАН ВО АВСТРИЈА И ДОГОВОРИ КОАЛИЦИЈА СО ЗЕЛЕНИТЕ

    КУРЦ НАПРАВИ ПРЕСЕДАН ВО АВСТРИЈА И ДОГОВОРИ КОАЛИЦИЈА СО ЗЕЛЕНИТЕСе очекува Курц да остане канцелар, а лидерот на Зелените Вернер Коглер ќе биде негов заменик (Фото: Гети)

    По неколку месеци преговори, конзервативците постигнаа договор за коалициска влада со Зелените, што ќе биде прв таков случај во историјата на Австрија.

    Народната партија на канцеларот Себастијан Курц претходно коалицираше со крајнодесничарската Слободарска партија, но соработката пропадна по големиот скандал „Ибицагејт“ во мај. Курц повторно победи на вонредните избори во септември, но дури сега успеа да се договори со Зелените, па за првпат, левичарска партија ќе биде дел од влада во Австрија.

    „Успеавме да го обединиме најдоброто од двата света. Можно е да се заштитат и климата и границите“, изјави Курц.

    Претседателот на Зелените Вернер Коглер кажа дека Австрија сега би можела да стане европски лидер во борбата против климатски промени.

    Други детали за владата засега не се познати, но се очекува Курц да остане канцелар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира