„КВАНТАС“ ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОД 66 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗАШТО ПРОДАЛ ИЛЈАДНИЦИ КАРТИ ЗА ВЕЌЕ ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ

    „КВАНТАС“ ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОД 66 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗАШТО ПРОДАЛ ИЛЈАДНИЦИ КАРТИ ЗА ВЕЌЕ ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ„Квантас“ во некои случаи продавал карти за домашни и меѓународни летови кои веќе биле откажани со недели (Фото: Гети)

    Најголемиот австралиски авиопревозник „Квантас“ се согласи да плати казна од 66 милиони долари откако беше обвинет дека продал илјадници карти за летови кои веќе биле откажани. Според договорот со Австралиската комисија за заштита на потрошувачите (АЦЦЦ), „Квантас“ ќе започне план вреден 12 милиони долари за компензација на засегнатите патници.

    Случајот со таканаречените летови духови беше лансиран од АЦЦЦ во август со тврдење дека „Квантас“ во некои случаи продавал карти за домашни и меѓународни летови кои веќе биле откажани со недели. Според планот, право на компензација ќе имаат сите патници кои купиле карти за летови кои биле одложени најмалку два или три дена порано.

    Извршната директорка на „Квантас“, Ванеса Хадсон, изјави дека компанијата ги обновила своите процеси и инвестирала во технологија со цел вакви проблеми да се избегнат во иднина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира