ЛАВАТА ОД ЕРУПТИРАНИОТ ВУЛКАН НА ИСЛАНД ВЛЕЗЕ ВО ГРАДОТ ГРИНДАВИК И ЗАПАЛИ КУЌИ

    ЛАВАТА ОД ЕРУПТИРАНИОТ ВУЛКАН НА ИСЛАНД ВЛЕЗЕ ВО ГРАДОТ ГРИНДАВИК И ЗАПАЛИ КУЌИОдбранбените линии изградени по ерупцијата во декември успеаја само делумно да ја скротат лавата (Фото: АФП)

    Во исландскиот град Гриндавик се запалија куќи откако во близина се отворија две вулкански пукнатини. Ова уследи по ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес вчераутро, по што лавата потече кон евакуираниот рибарски град.

    Одбранбените линии изградени по ерупцијата во декември успеаја делумно да ја скротат лавата, но на некои места попуштија. Лавата го отсече и главниот пат што води кон градот.

    Се надеваме дека ситуацијата ќе се смири, но сѐ е можно“, кажа исландскиот премиер Гудни Јоханесон.

    Силни земјотреси ѝ претходеа на декемвриската ерупција, по која околу вулканот беа изградени ѕидови за да се насочи стопената карпа подалеку од Гриндавик, дом на околу 4.000 луѓе. Исландската метеоролошка служба соопшти дека бариерите биле пробиени на некои места, поради што лавата стигнала до градот и биле запалени куќи и згради. Нема нарушувања во домашниот и меѓународниот сообраќај.

    Луѓето кои се вратија во Гриндавик по првата ерупција повторно мораа да заминат.

    Тековната ерупција е исклучително опасна и штетна ситуација сега кога лавата навлезе во градот. Излевањето на лавата од двете сегашни пукнатини не покажува никаков знак на забавување и не може да се процени колку ќе трае“, изјави вулканологот Робин Ендрјуз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира