ЛАВИНА ЗАТРУПА СКИЈАЧИ ВО БУГАРСКИОТ СКИ ЦЕНТАР БАНСКО НА ПЛАНИНАТА ПИРИН, НАЈМАЛКУ ЕДЕН ЗАГИНАТ

    ЛАВИНА ЗАТРУПА СКИЈАЧИ ВО БУГАРСКИОТ СКИ ЦЕНТАР БАНСКО НА ПЛАНИНАТА ПИРИН, НАЈМАЛКУ ЕДЕН ЗАГИНАТЛизгањето на огромна снежна маса било предизвикано од скијачи кои се спуштале по планината (Фото: Медијапул)

    Дваесет и петгодишен маж загина во лавина на планината Пирин, во близина на скијачкиот центар Банско, додека во тек е спасувачка акција за да се пронајдат уште неколкумина скијачи затрупани со снегот, објави бугарската планинска служба.

    Според првичните информации, лизгањето на огромна снежна маса било предизвикано од скијачи и сноубордери кои се спуштале од врвот Тодорка. На терен се испратени и кучиња специјално обучени да пребаруваат во услови на лавина.

    Досега се извлечени тројца скијачи, но еден имал фатални повреди и бил прогласен за мртов на самото место.

    Поради повисоките температури во изминатите денови, условите за скијање надвор од означените патеки е опасно и постои ризик од лавини, предупреди Бугарската планинарска асоцијација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира