Властите во Гана затворија лажна американска амбасада во главниот град Акра управувана од криминална мрежа која цела деценија издавала нелегално набавени автентични визи, соопшти американскиот Стејт департмент.
Сè до затворањето, лажната амбасада била сместена во розов двокатен објект со рѓосан метален покрив со истакнато американско знаме. Внатре имало портрет од американскиот претседател Барак Обама.
Турски државјани кои зборувале англиски и холандски се претставувале како конзуларни службеници, а истрагата откри и лажна холандска амбасада во африканската земја. Криминалната банда издавала нелегално набавени, но легитимни американски визи и лажни документи за идентификација, вклучувајќи изводи од матичната книга на родените по цена од 6.000 долари, стои во соопштението на Стејт департментот. За време на претресот, властите открија автентични и лажни индиски, јужноафрикански и Шенген визи, како и 150 пасоши од 10 различни земји.
Во соопштението не се наведува како бандата дошла до автентични визи и колку луѓе успеале да нелегално да влезат со САД и во други земји, користејќи ги визите од лажните амбасади.
„Криминалците зад операцијата успеале да потплатат корумпирани функционери за да бидат оставени да работат, како и да дојдат до легитимни бланко документи кои потоа ги злоупотребувале“, стои во соопштението.
Во Акра има и вистинска американска амбасада, која се наоѓа во елитен кварт и е со силно обезбедување.
ЛАЖНА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА 10 ГОДИНИ ИЗДАВАЛА ВИЗИ ВО ГАНА
a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Акра,(Гардијан)