Принцезата Кејт ќе се појави на првиот јавен настан оваа година откако кажа дека лекувањето на ракот добро напредува, иако сѐ уште не е целосно на сигурно.
„Имам и добри денови и лоши денови. Едвај чекам да присуствувам на парадата за роденденот на кралот овој викенд“, изјави војвотката од Велс, која продолжува со хемотерапиите.
Кралот Чарлс објави дека е пресреќен што принцезата ќе биде на годишната парада Поздрав на боите, на која таа ќе се појави на балконот на Бакингамската палата и ќе се вози во кочија со своите деца.
Кејт се повлече од сите јавни задолженија на почетокот на годината поради операција на стомакот, а потоа во март објави дека се лекува од рак, без да прецизира каков.
Новата објава од Кејт претставува значаен напредок, но не значи нејзино целосно враќање во јавниот живот.