ЛЕТОНСКА ЕВРОПРАТЕНИЧКА ОБВИНЕТА ДЕКА СО ГОДИНИ ШПИОНИРАЛА ЗА РУСИЈА

    ЛЕТОНСКА ЕВРОПРАТЕНИЧКА ОБВИНЕТА ДЕКА СО ГОДИНИ ШПИОНИРАЛА ЗА РУСИЈАТатјана Жданока беше меѓу 13-те европратеници кои во 2022 гласаа против резолуцијата со која беше осудена руската инвазија на Украина (Фото: Фејсбук)

    Европскиот парламент отвори истрага за обвинувањата дека летонската европратеничка Татјана Жданока со години шпионирала за Русија. Жданока ги негираше обвинувањата, до кои дојде рускиот истражувачки весник „Инсајдер“, кој објави дека таа била соработничка на руската Федерална безбедносна служба (ФСБ), наследничката на КГБ.

    „Ваквите обвинувања ги примаме многу сериозно. Случајот е проследен до Советодавниот комитет за кодексот на однесување“, изјави претседателката на Европската комисија Роберта Мецола.

    Жданока беше меѓу 13-те пратеници во Европскиот парламент кои во март 2022 гласаа против резолуцијата со која беше осудена руската инвазија на Украина.

    „Никогаш не сум имала никаква врска со КГБ, за разлика од многумина добро познати Летонци и никогаш не сум соработувала со ниедна разузнавачка агенција“, изјави Жданока.

    Текстот на „Инсајдер“ е заснован врз истрага спроведена во соработка со истражувачки медиуми од Естонија, Летонија и Шведска. Истрагата открила дека Жданока била соработничка на Петтата служба на ФСБ најмалку од 2004 до 2017 година.

    Жданока е еден од лидерите на Летонско-руска унија, маргинална проруска партија која 14 години не е дел од летонскиот парламент. Оваа партија ја поддржа руската анексија на Крим и не ја осуди инвазијата на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира