ЛИБЕРАЛИТЕ И КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ИЗРАМНЕТИ ПО ИЗБОРИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА, КОЈА МОЖЕ ДА ГО ДОБИЕ ПРВИОТ ГЕЈ ПРЕМИЕР

    ЛИБЕРАЛИТЕ И КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ИЗРАМНЕТИ ПО ИЗБОРИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА, КОЈА МОЖЕ ДА ГО ДОБИЕ ПРВИОТ ГЕЈ ПРЕМИЕРРоб Јетен направи голем камбек откако на изборите пред две години заврши на шестото место (Фото: ЕПА)

    Центристичко-либералната партија Д66 на Роб Јетен и десничарската Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс се израмнети по вчерашните предвремени парламентарни избори во Холандија. По повеќе од 97% пребројани гласови, двете партии имаат освоено по 26 пратенички места, според проекциите на новинската агенција АНП.

    Првичните излезни анкети покажуваа дека Д66 е во водство, но Јетен, сепак, не прогласи победа синоќа.

    Милиони Холанѓани свртеа страница и кажаа збогум на политиките на негативност“, кажа 38-годишниот Јетен, поранешен министер за енергетика, кој би можел да стане првиот геј премиер на Холандија.

    Вилдерс, кој победи на изборите пред две години, призна дека не го остварил очекуваниот резултат, откако изгуби најмалку десет пратенички места. Јетен, пак, направи голем камбек откако на последните избори заврши на шестото место, но одлично се покажа на ТВ-дебатите и дури се натпреваруваше во популарниот квиз „Најпаметната личност“.

    Вилдерс водеше во анкетите во кампањата, но откако се повлече од владејачката коалиција во јуни, сите поголеми партии кажаа дека нема повторно да соработуваат со него и тој самиот призна дека веројатно нема да може да состави влада.

    Се очекува конзервативните либерали да имаат 22 пратеници, а не заостануваат многу и левичарската партија Зелени-Лабуристи (20) и Христијански демократи (18). Јетен ги наведе трите партии како можни коалициони партнери.

    Овие избори доста се фокусираа на миграцијата и пренатрупаните центри за азил, но најголемиот проблем за гласачите е недостигот на речиси 400.000 домови. Партијата на Јетен најави дека ќе изгради 10 града како дел од својот план за справување со кризата на домувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира