Либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, победи во првиот круг на претседателските избори во Полска, покажуваат излезните анкети и во вториот круг ќе се соочи со конзервативниот историчар Карол Навроцки. Според излезните анкети, Тшасковски освоил 31,1% гласови, а Навроцки е на 29,1%.
Вториот круг е неопходен зашто ниеден од 13-темина кандидати не освоил 50% гласови, па Полска ќе добие нов претседател на 1 јуни.
„Ќе победиме, но ќе бидат потребни многу работа и посветеност. Убеден сум дека целата Полска ќе победи“, изјави Тшасковски.
Тој вети дека ќе работи со владата на Доналд Туск за да ги либерализира строгите полски закони за абортус и да ја забрза реформата на правосудството. Сепак, Тшасковски помина полошо од она што го предвидуваа предизборните анкети, кои му даваа предност од 4-6% во однос на Навроцки.