ЛИДЕРОТ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ИМ ПОРАЧА НА СВОИТЕ БОРЦИ ДА ИЗДРЖАТ ВО ПРВАТА СНИМКА ОД СЕПТЕМВРИ 2017

    ЛИДЕРОТ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ИМ ПОРАЧА НА СВОИТЕ БОРЦИ ДА ИЗДРЖАТ ВО ПРВАТА СНИМКА ОД СЕПТЕМВРИ 2017Експерти велат дека гласот потсетува на оној од претходните снимки. - Абу Бакр ал-Багдади

    Исламска држава објави аудиоснимка, на којашто наводно зборува нејзиниот мистериозен лидер Абу Бакр ал-Багдади, кој за последен пат се огласи пред речиси една година.

    Во својот 55-минутен говор, Багдади им порачува на поддржувачите на Исламска држава да издржат, и покрај тоа што групата претри големи загуби во Ирак и Сирија.

    Иако автентичноста на снимката не може да се потврди, експерти велат дека гласот потсетува на оној од претходните снимки. Не е познато кога е снимена, но во неа се споменуваат некои скорешни настани.

    Багдади, чиј син Худајфах беше убиен во Сирија минатиот месец, само еднаш беше виден во јавност, во ирачкиот град Мосул во јули 2014 година и во неколку наврати се тврдеше дека е убиен или повреден, што никогаш не беше потврдено.

    Тој за последен пат се огласи во септември 2017 година, два месеца откако ирачките сили го зазедоа Мосул.

    Исламска држава воено е поразена во Ирак и во поголемиот дел на Сирија, но Обединетите нации во својот извештај проценуваат дека таа сè уште има меѓу 20 и 30.000 борци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира