ЛИДЕРОТ НА КАМПАЊАТА ЗА БРЕГЗИТ БИ ПРИФАТИЛ НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДА ГО ЗАМОЛЧИ ТОНИ БЛЕР

    ЛИДЕРОТ НА КАМПАЊАТА ЗА БРЕГЗИТ БИ ПРИФАТИЛ НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДА ГО ЗАМОЛЧИ ТОНИ БЛЕРНа евентуалниот повторен референдум очекува уште поголем процент Британци да гласаат за Брегзит. - Најџел Фараж (Фото: Гети)

    Најџел Фараж ја поддржува идејата за одржување на уште еден референдум за (не)останувањето на Велика Британија во Европска Унија, со цел ова прашање да се реши еднаш засекогаш. Бившиот лидер на популистичката партија УКИП, кој беше предводник на кампањата за Брегзит, смета дека резултатот би бил ист и на повторениот референдум.

    Оваа идеја ја форсираат влијателните политичари Тони Блер, Ендрју Адонис и Ник Клег.

    „Го менувам моето мислење за ова. Јасно е дека разноразни Блеровци и Клеговци никогаш нема да се откажат. Тие ќе продолжат да се жалат и плачат за време на целиот процес на Брегзит. Затоа мислам дека е добра идеја да се одржи уште еден референдум за ова прашање, за да се разреши дилемата за наредни неколку генерации. Мислам дека на повторениот референдум ќе има уште поголем процент на оние кои ќе гласаат за Брегзит. Блер потоа, можеби, конечно ќе го снема“, кажа Фараж.

    Поранешниот премиер Блер ја повика владата да ѝ даде уште можност на британската јавност да се изјасни околу Брегзитот.

    „Уште еден референдум е она што ѝ треба на земјата“, вели Блер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира