ЛОЈД ОСТИН МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРВИОТ АФРОАМЕРИКАНЕЦ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА САД

    ЛОЈД ОСТИН МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРВИОТ АФРОАМЕРИКАНЕЦ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА САДОстин беше главниот воен архитект на офанзивите против Исламска држава во Сирија и Ирак (Фото: Гети)

    Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра пензионираниот генерал Лојд Остин за нов министер за одбрана. Ако биде потврден од Конгресот, 67-годишниот Остин ќе биде првиот Афроамериканец на оваа функција.

    Генералот со четири ѕвезди Остин, кој замина во пензија во 2016, служеше и за време на администрацијата на Барак Обама, кога беше шеф на Централната команда. Тој беше главниот воен архитект на офанзивите против Исламска држава во Сирија и Ирак. Остин, кој ретко дава интервјуа и никогаш јавно не зборувал за воени операции, имаше тесна соработка со Бајден додека тој беше потпретседател на САД.

    Изборот на Остин ќе бара посебно одобрение од Конгресот бидејќи од неговото повлекување од воената служба поминаа само четири години, место пропишаните седум. Вакво одобрение досега беше дадено само двапати, последно во случајот на Џејмс Матис, кој беше еден од министрите за одбрана во администрацијата на Трамп.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира