ЛОНДОНСКИОТ АЕРОДРОМ „ХИТРОУ“ ПОЧНА СО РАБОТА ПО ЦЕЛОДНЕВНО ЗАТВОРАЊЕ, ШТЕТИТЕ СЕ МИЛИОНСКИ И НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАТИ

    ЛОНДОНСКИОТ АЕРОДРОМ „ХИТРОУ“ ПОЧНА СО РАБОТА ПО ЦЕЛОДНЕВНО ЗАТВОРАЊЕ, ШТЕТИТЕ СЕ МИЛИОНСКИ И НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАТИАеродромот не работеше цел ден откако утрово избувна голем пожар во трафостаница во негова близина (Фото: АП)

    Летовите на аеродромот „Хитроу“ во Лондон постепено ќе продолжат од вечерва откако пожар доведе до исклучување на струјата на најпрометниот аеродром во Европа, што заглави илјадници патници и предизвика турбуленции во глобалниот авиосообраќај. Аеродромот не работеше цел ден откако утрово избувна голем пожар во трафостаница во негова близина, што погоди 1.351 лет со вкупно 291.000 патници.

    Авионите беа пренасочувани на други аеродроми во Велика Британија и низ Европа, а многу летови на долги релации беа вратени на својата појдовна точка.

    Сега можеме безбедно да ги обновиме летовите. Се надеваме дека утре ќе продолжиме со нашите операции во целост“, објави аеродромот на Икс.

    Затворањето ги фрли во очај патниците, но и предизвика гнев кај авиокомпаниите, кои прашуваат како е можно да откаже една таква инфраструктура. Причината за пожарот и натаму не е позната. Штетите во индустријата се проценуваат на десетици милиони фунти и се поставуваат прашања кој ќе плати за нив.

    Би помислиле дека еден таков аеродром има опција за резервно напојување“, кажа извршниот директор на една голема европска авиокомпанија.

    Полицијата кажа дека нема назнаки за кривично дело, но останува отворена за сите опции. Истрагата ја презеде противтерористичката единица.

    Експертите за воздухопловство велат дека европските аеродроми последен пат доживеале олкаво нарушување во 2010, кога вулканскиот пепел од ерупциите на Исланд приземји 100.000 летови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира