ЛОНДОНСКИОТ СУД ГО ОСЛОБОДИ КЕВИН СПЕЈСИ ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЕКСУАЛНИ НАПАДИ ВРЗ ЧЕТВОРИЦА МАЖИ

    ЛОНДОНСКИОТ СУД ГО ОСЛОБОДИ КЕВИН СПЕЈСИ ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЕКСУАЛНИ НАПАДИ ВРЗ ЧЕТВОРИЦА МАЖИСпејси тврдеше дека четворицата мажи имале финансиски мотиви (Фото: АП)

    Кевин Спејси се расплака откако беше ослободен од сите обвиненија на уште едно судење за сексуален напад, што се одржа во Лондон. На 64-годишниот актер му се судеше за сексуални напади врз четворица мажи, што наводно се случиле од 2004 до 2013.

    Ви благодарам, ви благодарам“, ѝ кажа Спејси на поротата, држејќи ја дланката на градите.

    Спејси цело време ги негираше обвиненијата, кои ги опишуваше како лудило, забивање нож во грб и апсолутна глупост. Тој тврдеше дека четворицата мажи имале финансиски мотиви.

    Поротата ја прочита пресудата откако заседаваше повеќе од 12 часа. Таа го ослободи Спејси по сите девет обвиненија за сексуални напади врз мажи во 20-ти и 30-ти години.

    На судењето, Спејси призна дека имал доброволен секс со двајца од тужителите и дека можеби недолично реагирал кон еден маж на една забава. Тој даде увид во своите врски со славни личности, при што бомбастично ги спомна актерите Џек Лемон, Вал Килмер, Ричард Харис и Џоан Колинс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира