ЛУИЗИЈАНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈСИЛНИОТ УРАГАН ВО ПОСЛЕДНИТЕ 150 ГОДИНИ КОЈ НОСИ ВЕТРОВИ ОД НАД 200 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС

    ЛУИЗИЈАНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈСИЛНИОТ УРАГАН ВО ПОСЛЕДНИТЕ 150 ГОДИНИ КОЈ НОСИ ВЕТРОВИ ОД НАД 200 КИЛОМЕТРИ НА ЧАСАјда ќе пристигне во Луизијана на денот кога се одбележуваат 16 години од ураганот Катрина (Фото: АП)

    Илјадници луѓе бегаат од американската сојузна држава Луизијана, додека кон неа се движи исклучително опасниот ураган Ајда. Откако забрзано се засили од утрово, тој сега е ураган од четврта категорија и носи ветрови од 209 километри на час.

    Се очекува Ајда вечерва да удри во брегот на Луизијана и би можел да биде посилен од ураганот Катрина, кој уништи голем дел од Њу Орлеанс во 2005 година, при што загинаа 1.800 луѓе. Гувернерот Џон Бел Едвардс предупреди дека ураганот би можел да биде најголемиот кој ја погодил државата во последните 150 години.

    „Имате време до вечерва да се подготвите за ураганот, зашто утре, времето ќе почне забрзано да се влошува. Ова ќе биде најсилниот ураган кој ја погодил Луизијана од 1850 година“, им порача Едвардс на жителите.

    Соседната сојузна држава Мисисипи исто така прогласи вонредна состојба.

    „Ајда прераснува во многу, многу опасно невреме и федералната влада ќе обезбеди помош“, кажа претседателот Џо Бајден.

    Ајда првично помина преку дел од Куба и треба да пристигне во Луизијана на денот кога се одбележуваат 16 години од ураганот Катрина, кој поплави 80% од градот и предизвика штети од милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира