ЛУКАШЕНКО ТВРДИ ДЕКА ОЗДРАВЕЛ ОД КОРОНАВИРУСОТ БЕЗ ДА ИМА СИМПТОМИ

    ЛУКАШЕНКО ТВРДИ ДЕКА ОЗДРАВЕЛ ОД КОРОНАВИРУСОТ БЕЗ ДА ИМА СИМПТОМИЛукашенко на 9 август ќе се бори за шестиот претседателски мандат (Фото: ДПА)

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко откри дека бил заразен со коронавирус и дека оздравел без да забележи. Тој кажа дека немал никакви симптоми.

    „Денеска се среќавате со човек кој успеал да го преживее коронавирусот од нога. Лекарите вчера дојдоа до таков заклучок. Асимптоматичен“, изјави Лукашенко на средбата со челниците на армијата, додавајќи дека цело време работел додека бил заразен.

    Тој излезе со вакво тврдење на неколку дена пред претседателските избори, на кои што нема да има конкуренција. Лукашенко е претседател на Белорусија веќе четврт век и на 9 август ќе се бори за шестиот мандат.

    „Како што кажав, 97% од нашето население го има вирусот без симптоми. Среќа што и јас успеав да влезам во оваа група“, кажа Лукашенко.

    Сепак, според Универзитетот Џонс Хопкинс, во Белорусија досега има над 67.000 заразени, а 543 лица починале од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира