МАДУРО ПРОГЛАСЕН ЗА ПОБЕДНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА, ОПОЗИЦИЈАТА ОБВИНУВА ЗА ИЗМАМИ

    МАДУРО ПРОГЛАСЕН ЗА ПОБЕДНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА, ОПОЗИЦИЈАТА ОБВИНУВА ЗА ИЗМАМИМадуро кажа дека неговиот реизбор е триумф на мирот и стабилноста (Фото: Гети)

    Николас Мадуро е победникот на претседателските избори во Венецуела, според делумните резултати објавени од изборниот совет.

    Шефот на Националниот изборен совет Елвис Аморосо соопшти дека по 80% пребројани гласови, актуелниот претседател има освоено 51,20%, а неговиот главен ривал Едмундо Гонсалес 44,02% гласови.

    Опозицијата обвини за бројни измами при броењето на гласовите и вети дека ќе ги оспори резултатите. Таа се обедини зад Гонсалес во обид да го симне социјалистот Мадуро од власт по 11 години.

    Зборувајќи пред своите приврзаници во Каракас, Мадуро кажа дека неговиот реизбор е триумф на мирот и стабилноста. Тој го пофали изборниот систем во Венецуела како транспарентен и ја исмеваше опозицијата, за која рече дека обвинува за измама по секои избори.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека Вашингтон е сериозно загрижен дека прогласениот исход на изборите не ја одразува волјата на венецуелскиот народ.

    Опозицијата распореди илјадници набљудувачи на гласачките места за да може да ги објави своите изборни резултати. Сепак, портпаролот на коалицијата на Гонсалес кажа дека набљудувачите биле принудени да си заминат од многу гласачки места.

    Предизборните анкети му даваа голема предност на Гонсалес во однос на Мадуро. Социјалистите се на власт во Венецуела веќе 25 години, прво под водство на Уго Чавес, кој почина во 2013.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира