МАГАЗИНОТ „ШАРЛИ ЕБДО“ ПАК ГИ ОБЈАВИ КАРИКАТУРИТЕ НА ПРОРОКОТ МУХАМЕД ПРЕД СТАРТОТ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА НАПАДОТ ВО 2015

    МАГАЗИНОТ „ШАРЛИ ЕБДО“ ПАК ГИ ОБЈАВИ КАРИКАТУРИТЕ НА ПРОРОКОТ МУХАМЕД ПРЕД СТАРТОТ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА НАПАДОТ ВО 2015Дванаесет членови на редакцијата на „Шарли Ебдо“ беа убиени во јануари 2015 (Фото: АП)

    Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ повторно ги објави контроверзните карикатури на пророкот Мухамед, за да го означи почетокот на судскиот процес против учесниците во крвавиот напад на неговата редакција во 2015 година.

    Никогаш нема да се повлечеме, никогаш нема да се откажеме. Историјата не може одново да се напише или да се избрише“, изјави директорот на магазинот Лоран Сурисо.

    На насловната страница на денешното издание се ставени 12-те оригинални карикатури, кои претходно беа објавени во дански весник.

    Дванаесет членови на редакцијата на „Шарли Ебдо“ беа убиени во јануари 2015, а два дена подоцна, во поврзаните напади загинаа и полицајка и четворица луѓе во еврејска продавница. Во престрелките со полицијата беа убиени и тројцата напаѓачи.

    На судскиот процес, кој почнува утре, ќе им се суди на 14 луѓе, од кои една жена, обвинети дека им помагале на напаѓачите со оружје и логистика. Судбината на тројца од обвинетите не е позната. Повеќето од останатите 11-мина кажаа дека знаеле за нападот, но не мислеле дека ќе биде масовно убиство.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира