СКЕПТИЦИТЕ ГИ ОСПОРУВААТ ЧУДАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Колката,(Би-Би-Си)

    СКЕПТИЦИТЕ ГИ ОСПОРУВААТ ЧУДАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА

    Кога Мајка Тереза, католичката калуѓерка која работеше со сиромашните во индискиот град Колката, ќе биде прогласена за светица утре во Рим, нејзините критичари ќе инсистираат дека верата триумфирала над разумот и науката. Добитничката на Нобеловата награда за мир, која почина во 1997 година на 87 години, во 1950 година го основа „Мисионери на милосрдието“, сестринство кое има повеќе од 3.000 калуѓерки ширум светот. Таа основаше болници, народни кујни, училишта, колонии со лепрозни и домови за напуштени деца и беше наречена Светица на бедните за нејзината работа во сиромашните квартови.

    Индиските рационалисти се прашуваат како може жена да биде излекувана со фотографија од калуѓерката ставена на нејзиниот стомак, кога има докази дека примала медицинска терапија

    Индиските рационалисти се прашуваат како може жена да биде излекувана со фотографија од калуѓерката ставена на нејзиниот стомак, кога има докази дека примала медицинска терапија

    Сепак, таа има изобилство критичари. Британскиот автор Кристофер Хиченс ја опиша како „религиозен фундаменталист, политички оперативец, примитивен евангелист и соучесник на светските секуларни сили“. Во неговиот познат памфлет „Мисионерска позиција“, Хиченс го критикува нејзиниот „култ на страдањето“ и вели дека таа ја претставувала Колката како „пеколна мизерија“ и се дружела со диктатори.
    Лондонскиот доктор Аруп Четерџи во 2003 година објави обемна критика на калуѓерката, откако направи околу 100 интервјуа со луѓето поврзани со нејзиното сестринство. Тој го нападна очигледниот недостаток на хигиена – повторна употреба на игли, на пример, и хаотичните услови во домовите, помеѓу другото.
    Хемли Гонсалес од Мајами, кој работеше како волонтер во еден од домовите на Мајка Тереза во Колката во 2008 година, вели дека е „шокиран од страшната негрижа со која оперира хуманитарната организација“.
    „Како цврст противник на планирањето семејство, модернизација на опремата и на серија други иницијативи за решавање на проблемите, Мајка Тереза не беше пријател на сиромашните, туку, напротив, промотер на сиромаштијата“, вели Гонсалес.
    Од неодамна, индиски рационалисти како Санал Едамараку се сомневаат во чудата коишто доведоа до прогласување на Мајка Тереза за светица.
    За да станеш светец во очите на Ватикан, треба да ти бидат припишани чуда. Настаните треба да бидат верифицирани со докази пред да бидат прифатени како чуда. Најчесто тоа се излекувања или закрепнувања од болести за кои нема логични медицински објаснувања.

    Папата Фрањо го призна второто чудо во 2015 година, кое вклучуваше излекување на Бразилец со тумор

    Папата Фрањо го призна второто чудо во 2015 година, кое вклучуваше излекување на Бразилец со тумор

    Пет години по смртта на Мајка Тереза, Папата Јован Павле Втори во 2003 година  го прифати првото чудо – излекувањето на жена од бенгалско племе, Моника Бесра, која имаше стомачен тумор и тоа беше објаснето како резултат на натприродна интервенција. Папата Фрањо го призна второто чудо во 2015 година, кое вклучуваше излекување на Бразилец со тумор на мозокот седум години претходно.
    Господинот Едамараку се прашува како може жена да биде излекувана со фотографија од калуѓерката ставена на нејзиниот стомак, кога има докази дека примала медицинска терапија. Сега, тој вели дека „ повеќето луѓе не сакаат зборуваат против калуѓерката, поради нејзиниот имиџ како некој што работел за сиромашните“.
    „Ако се сомневате во Мајка Тереза, тогаш ве гледаат како да сте против сиромашните. Јас немам ништо лично против нејзе, но тргувањето со чуда не е научно“, кажа Едамараку.
    Во Индија има и група академици и социјални работници кои испратија петиција до министерот за надворешни работи Шушма Шварај да не присуствува на утрешната церемонија во Ватикан.
    „Несфатливо е министер за надворешни работи во земја чиј устав бара од своите граѓани да имаат научни сфаќања да одобри канонизација базирана на ‘чуда’“, се вели во петицијата.
    Сепак, на крајот, како што вели социологот Сшив Вишванатан, доказите и верата се две различни работи. Христијанството има долга историја на битки со науката.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари