Државјанин на Македонија е меѓу 14. загинати во несреќата предизвикана од уривањето на настрешницата на старата зграда на Железничката станица во Нови Сад, кажа вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.
„За пет лица досега не успеавме да го потврдиме идентитетот. Осум лица се од Србија, а едно лице е државјанин на Северна Македонија“, кажа Вучиќ.
Српскиот претседател кажа дека очекува лицата кои се одговорни за оваа несреќа брзо да бидат изведени пред органите и да бидат строго казнети.
„Нема ни да се занимавам со оние кои би сакале да избегаат од одговорност под закрилата на власта. Како претседател на државата, барам од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, од Владата на Србија, лицата кои се одговорни за ова што се случи да бидат брзо најдени и казнети. Кога ја спомнав Владата, барам и политичка, а пред тоа, се подразбира и кривична одговорност“, рече Вучиќ.
Во Србија утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост.