МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ОД УТРЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО СРБИЈА САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС

    МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ОД УТРЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО СРБИЈА САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУССрпскиот кризен штаб ја донесол одлуката врз основа на проценката на актуелната епидемиолошка ситуација во Македонија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонските државјани од утре ќе мора да приложат негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, ако сакаат да влезат во Србија, објави тамошниот Кризен штаб за борба против коронавирусот.

    Освен Македонија, оваа одлука се однесува и на Хрватска, Романија и Бугарија, додека во исто време се укинуваат рестрикциите за државјаните на Црна Гора.

    „Одлуката е донесена врз основа на проценката на актуелната епидемиолошка ситуација и трендот на ширењето на коронавирусот забележан во изминатите денови“, изјави епидемиологот Весна Кисиќ-Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира