Емануел Макрон го именуваше Мишел Барние за нов француски премиер, речиси два месеца по вонредните парламентарни избори, по кои уследи политички застој во земјата. Седумдесет и тригодишниот Барние беше главниот европски преговарач за брегзит и ги водеше преговорите со британската влада од 2016 до 2019.
Ветеран на десничарската партија Републиканци, тој има долга политичка кариера и беше на бројни високи функции во Франција и Европска Унија. Во два мандата беше и европски комесар.
Тој сега треба да формира влада која мора да преживее гласање за доверба во Националното собрание, кое е поделено на три големи блока, од кои ниеден нема чисто мнозинство. Ако биде избран, Барние ќе стане најстариот премиер од создавањето на Петтата Република во 1958, а ќе го наследи најмладиот досега, Габриел Атал.
Атал поднесе оставка веднаш по дознавањето на резултатите од изборите, но Макрон го задржа на функцијата.