Првата официјална проценка за првиот круг од претседателските избори во Франција покажа дека независниот кандидат од центарот Емануел Макрон освоил 23,7 од гласовите, додека десничарската кандидатка од Националниот фронт Марин Ле Пен освоила 21,7 отсто и двајцата се квалификуваа во вториот круг на 7 мај.
Конзервативецот Фијон и левичарот Меленшон имаат по 19,5 отсто, а кандидатот на Социјалистите Амон е далеку назад со 6,5 отсто.